Врз основа на Законот за основно образование и Правилникот за начинот на изведување на ученичките екскурзии и други слободни активности на учениците од основните училишта бр.12-10853/1 од 4.8.2025 година од Министерство за образование и наука на РСМ, ООУ „Димитар Миладинов” Центар, Скопје, (Бул.Кочо Рацин бр.17-Ценмтар, Скопје тел.:3/161-448; e-mail: ou-dimitarmiladinov-centar@schools.com ) објавува:
ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Се покануваат сите правни лица кои ги исполнуваат минималните услови утврдени со член 19 од Правилникот за начинот на изведување на екскурзии, и други слободни ученички активности во учебната 2025/2026 година, да ги достават своите понуди за:
| ДЕЛ 1: | Еднодневен пролетен излет за ученици од 1-9 одд. Pретпоставен број на ученици: 540 |
| ДЕЛ 2: | Еднодневна екскурзија за ученици од 3 одд. претпоставен број на ученици: 56 |
| ДЕЛ 3: | Дводневна екскурзија за ученици од 6 одд. претпоставен број на ученици: 66 |
| ДЕЛ 5: | Тродневна екскурзија за ученици од 9 одд. претпоставен број на ученици: 66 |
| ДЕЛ 6: | Настава во природаза ученици од 5 одд. претпоставен број на ученици: 74 |
Летен камп ДЕЛ 7: | Летен едукативен камп за ученици од 1-9 одделение во Западна Македонија и Централна Македонија |
Критериум за доделување на договор е најниска цена. Предметот на набавката е деллив.Пред потпишување на договорот со директорот на училиштето, најповолниот понудувач ќе траба да достави банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот од 10% од вкупната вредност на истиот. Заинтересираните субјекти можат да ја подигнат потребната тендерска документација кај секретарот на училиштето од 09 до 12 часот почнувајќи од 23.02.2026 година. Рокот за доставување на понудите е 5 работни дена од денот на објавувањето, до 12,00 часот на 27.02.2026 година лично во архивата на училиштето. Понуда која ќе пристигне подоцна ќе биде одбиена како неприфатлива.
Писмените понуди треба да бидат изработени и доставени согласно барањата наведени во тендерската документација и истите не треба да содржат алтернативни решенија, односно треба да бидат изработени конкретно и согласно барањата дефинирани во описот на услугата која е дел од поканата за доставување на понуда. Документите за исполнување на минималните услови се доставуваат во оригинал или копија потпишани и заверени од понудувачот.
Понудата на понудувачот кој не ги исполнува условите ќе биде одбиена од страна на комисијата.Понудит се доставуваат во затворен плик со назнака НЕ ОТВОРАЈ во горниот лев агол до Комисијата за организирање на ученички екскурзии и други слободни активности.За јавното отворање на понудите понудувачите ќе бидат дополнително известени.
ООУ ”Димитар Миладинов” Центар, Скопје
