❤️Велигденска работилница во соработка со Клубот на пензионерки на Општина Центар❤️

На ден 06.03.2026 во ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар одржавме Велигденска работилница со Клубот на пензионерки на општина Центар.На оваа работилница одговорните наставнички Соња Д.Богдановска ,Наташа Велковска ,Мариа Крстева и Рената Апостолова со учениците на 7а и 7б одделение ги имаа следните активности:👉изработка на Велигденски корпи,боење на јајца ,но и учеа готварски вештини како месење ,изработка на колачи и слатки ,потоа вештини за плетење и шиење .Учениците уживаа во ова ново и поразлично искуство за нив ,кое е доказ дека и новите генерации треба да ги негуваат и познаваат традиционалните вештини како украс на нашиот идентитет.👇🏻Сакаме да изразиме благодарност до Општина Центар – Скопје и Клубот на Пензионерки на општина Центар на поддршката за соработка и мотивацијата да бидат дел од нашата идеја.Искрено благодариме за нивниот ангажман во реализацијата на денешната работилница,вашата помош и посветеност ,ентузијазам и ведрина беа од огромно значење да оваа работилница биде инспиративна, креативна и исполнета со позитивна енергија.Се надеваме на понатамошна успешна соработка и заеднички активности во иднина.