🤞🏼Акција на 7 одделение во “Даре Џамбаз”🤞🏼

Во просториите на Црвен крст „Даре Џамбаз“, нашите ученици од 7. одделение од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар повторно ја покажаа својата хуманост и солидарност. Со голема посветеност и ентузијазам, тие активно учествуваа во пакување и селекција на храна и облека наменети за социјално загрозени семејства, давајќи свој придонес во поддршката на оние на кои им е најпотребна.Оваа активност претставуваше значајно искуство за учениците, преку кое тие развиваа чувство за одговорност, емпатија и грижа за заедницата.Настанот се реализираше под водство на наставниците: Соња Дракуловска Богдановска, Рената Апостолова, Марија Крстева и Наташа Велковска.