❤️‍🩹Општински натпревар по Прва помош ❤️‍🩹

На ден 25.04.2026 година, во просториите на Црвен крст „Даре Џамбаз“, се одржа Општинскиот натпревар по Прва помош. На овој настан учество зеде и нашето училиште, претставувано од ученици од деветто одделение.Учениците покажаа одлична подготвеност, знаење и тимска работа, достојно претставувајќи го училиштето. Горди сме на нивното учество, ангажираност и посветеност, со што дадоа значаен придонес во промовирањето на хуманоста и важноста на првата помош.