❤️🏀 Меморијален турнир во баскет 3х3 “Лука Кртов” 🏀❤️

Денес нашиот кошаркарски тим учествуваше на меморијалниот турнир во баскет 3х3 „Лука Кртов“ и со одлична игра, тимски дух и голема борбеност го освои третото место. 🥉

Горди сме на нашите ученици кои достојно го претставија нашето училиште и покажаа спортски дух, посветеност и тимска работа.

Честитки до целиот тим за постигнатиот успех! 👏

Воедно, упатуваме искрена благодарност до Општина Центар и ООУ „Киро Глигоров“ за одличната организација и гостопримството како домаќини и организатори на овој меморијален турнир.