Куќен ред

ООУ „Димитар Миладинов“ — Скопје


Правила на однесување за учениците, родителите и посетителите во училиштето и училишниот двор.

  1. Наставата почнува во 8:00 часот.
  2. Учениците треба да дојдат најдоцна десет минути пред почетокот на часовите.
  3. Учениците имаат обврска да ја носат училишната униформа.
  4. Родителите треба да ги придружуваат своите деца до влезната врата на училиштето, освен во понеделник и петок за помош со училишниот прибор за учениците од I до III одделение.
  5. Учениците кои задоцниле имаат обврска да влезат на часот и да се вклучат во наставата.
  6. Наставниците имаат обврска да ги примат на час учениците што доцнат и истото да го евидентираат.
  7. При пристигнување во училиштето учениците имаат обврска да го остават мобилниот телефон кај одговорното лице, согласно Правилникот за мобилни телефони.
  8. Не е дозволено учениците без одобрение на наставникот да го напуштат часот.
  9. За учениците со продолжен престој, наставата завршува во 15:15 часот; учениците остануваат во паралелка со одделенскиот наставник до 16:00 часот. Од 16:00 до 17:00 часот учениците се згрижуваат под контрола на дежурни наставници.
  10. По завршување на часовите и воннаставните активности, учениците треба да си заминат од училиштето и училишниот двор.
  11. Родителите на учениците и другите посетители, при влегување во училиштето имаат обврска да се пријават кај дежурните ученици и обезбедувањето.
  12. Во училишниот двор не е дозволено возење велосипеди, тротинети и мотори.

Директор
Марија Апостолова