ООУ „Димитар Миладинов“ — Скопје
Правила на однесување за учениците, родителите и посетителите во училиштето и училишниот двор.
- Наставата почнува во 8:00 часот.
- Учениците треба да дојдат најдоцна десет минути пред почетокот на часовите.
- Учениците имаат обврска да ја носат училишната униформа.
- Родителите треба да ги придружуваат своите деца до влезната врата на училиштето, освен во понеделник и петок за помош со училишниот прибор за учениците од I до III одделение.
- Учениците кои задоцниле имаат обврска да влезат на часот и да се вклучат во наставата.
- Наставниците имаат обврска да ги примат на час учениците што доцнат и истото да го евидентираат.
- При пристигнување во училиштето учениците имаат обврска да го остават мобилниот телефон кај одговорното лице, согласно Правилникот за мобилни телефони.
- Не е дозволено учениците без одобрение на наставникот да го напуштат часот.
- За учениците со продолжен престој, наставата завршува во 15:15 часот; учениците остануваат во паралелка со одделенскиот наставник до 16:00 часот. Од 16:00 до 17:00 часот учениците се згрижуваат под контрола на дежурни наставници.
- По завршување на часовите и воннаставните активности, учениците треба да си заминат од училиштето и училишниот двор.
- Родителите на учениците и другите посетители, при влегување во училиштето имаат обврска да се пријават кај дежурните ученици и обезбедувањето.
- Во училишниот двор не е дозволено возење велосипеди, тротинети и мотори.
Директор
Марија Апостолова
