Новогодишен турнир во мал фудбал

📣Денес, 28.12.2022 год., во ООУ„Димитар Миладинов“ Центар,Скопје се одржаа финалните натпревари од Новогодишниот турнир во мал фудбал за учениците од 6-9 одделение. Турнирот беше организиран на предлог на Ученичкиот парламент. Учествуваа 13 екипи од секоја паралелка од 6-9 одд. Се одржаа 14 натпревари.

⚽️Во финалето,категорија 6 и 7 одд., играа екипите на 6б и 7а одд.

🏆Победник е 6бодд.

⚽️Во финалето,категорија 8 и 9 одд.,играа екипите на 8а и 9а одд.

🏆Победник е 9а одд.

Благодарност за наставниците вклучени во реализацијата на турнирот и директорката.

👏Браво за сите ученици (екипи) за беспрекорната спортска игра!