Денес имавме чест да бидеме посетени од Директорот на CREFECO Г-дин Емануел Самсон, кој беше пријатно изненаден од напредното изучување на француски јазик во нашето училиште “Димитар Миладинов”-Центар, како и од ентузијастичкиот дух на нашите наставнички кои предаваат “француски јазик од најмала возраст “
На состанокот присуствуваше и советничката по француски јазик од БРО Г-ѓа Кети Димковска.
Остваривме конструктивен состанок и идеализиравме идни активности и соработка со овој центар за обуки на наставници.


