Дом за стари лица ,,Мајка Тереза” Злокуќани

📣По повод Новогодишните празници нашите ученици од ООУ”Димитар Миладинов”-Скопје, реализираа преубава работилница во соработка со Домот за стари лица ,,Мајка Тереза” Злокуќани,бевме пречекани од топлите прегратки на овие гостопримливи баби чии вешти раце плетеа преубави новогодишни ташнички за дечињата,а нашите ученици од 6в одделение изработија снешковци кои им ги подарија на нашите домаќинки ,разменивме искуства помеѓу две генерации ,најмалите учеа од возрасните ,а возрасните од најмалите.

✅Се дружевме и со поетесата од Домот која ни прочита неколку стихови од нејзината книга и ги разнежни нашите срца.

✅Споделивме радост со преубави импресии и најубави честитки за Новогодишните празници.

✅Голема благодарност на Директорката Salija Ljatif-Petrushovska и Раководителот Дејан и на сиот персонал кои ни помогнаа во реализација на оваа работилница.