Брат ми брка диносауруси

✅Денес 19.12.2022 год. учениците од ООУ”Димитар Миладунов”-Центар беа во кино Милениум во рамки на содржини од наставната програма.

👏Благодарност на настаничката по македонски јазик Соња Дракуловска Богдановска за иницијативата и благодарност до сите класни раководители за безрезервното учество во реализацијата. 🧑‍🦽Попреченоста не ги засега само поединците, туку и нивните семејства и старатели. 👨🏻‍🦽Децата со попреченост се соочуваат со повеќе форми на дискриминација кои водат кон нивно исклучување од општеството и образованието. Токму образованието е еден од најефективните начини за прекинување на кругот на дискриминација со која често се соочуваат децата со попреченост и нивните семејства. Филмот ,,Брат ми брка диносауруси “ токму на еден емотивен начин ни ја довлижува сликата за оваа тема .

📣Ги учиме децата како да ги прифаќаат децата со различности и попречености,бидејќи и тие се дел од нашето постоење.