Посета на резиденцијата на претседателот

На 28.03.учениците од 4б одделение заедно со одделенскиот наставник Наташа Самарска Миланова ја посетија резиденцијата на претседателот на Водно. Учениците се сретнаа и поразговараат со претседателот за неговите секојдневни обврски и за претседателските надлежности, а ги споделија нивните интереси и желби за идната професионална определба. Учениците се запознаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа информирани за историјатот на Вила Водно, за дел од активностите коишто се одвиваат, како и за начинот на функционирање на оваа институција.