Денот на македонскиот јазик

📜Денес го празнуваме 5 Мај, Денот на македонскиот јазик . Учениците од ООУ”Димитар Миладинов”-Центар, одбележаа низа активности во чест на 5 Мај 1945 година кога е усвоена македонската азбука кирилица со 31 буква.

Блаже Конески, нашиот Великан бил најупорниот за овој тип на азбука, затоа што најдобро ја одразува реалноста, вистинитоста на македонскиот изговор и на македонскиот правопис.Конески тоа го докажува со пишувањето на Граматиката на македонскиот литературен јазик, првиот и вториот дел во 1952 и во 1953, а во периодот од 1961 до 1966 година следува издавањето на тритомниот Речник и со тоа се заокружува процесот на стандардизирањето. Во сите три акции Блаже Конески е човекот локомотива“.- проф. Људмил Спасов