Лига центар 2023

Во спортската сала на ООУ 11 Октомври во Општина центар се одржа свечено затварање на Лига центар 2023 . На настанот присиствуваа познати спортски личности и деканката на факултетот за физичка култура Ленче Алексовска Величковска.

Најдобрите училишни тимови и најдобрите играчи ,Општина Центар ги награди со парични средства,медали,пехари и дипломи.

Нашето училиште го освои првото место во кошарка🏀🏆🥇 и второ место во фудбал ⚽️🥈.

Нашиот ученик Теон Бошковски беше прогласен за најдобар🥇 играч (clap)во кошарка и награден од страна на општина центар со осуммесечна стипендија. 🏆

Наградата му ја додели поранешниот кошаркарски репрезентативец ⛹🏻Ѓорѓи Чековски и тим-менаџерот на сениорската репрезентација Едина Муса .⛹🏼‍♀️

На Теон му посакуваме уште многу 🏅поголеми успеси во иднина!