Учиме да рециклираме, заедно креираме

ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар, Скопје освои второ место на конкурсот од Општина Центар на тема ,,Учиме да рециклираме, заедно креираме “, за најубав еколошки уреден двор.

Благодарност до Општина Центар – Скопје за тоа што го препознаа нашиот потенцијал за креативност, уникатна идеја и инспирација за создавање на нашата ,,Еко училница “ како дел од еден еколошки поубав свет.

Благодарност до сите наставници, родители и ученици кои дадоа свој придонес, чест ми беше што сите заедно поставивме пример за успешна соработка која и во иднина ќе продолжи со уште поголеми успеси.