Меѓународен Ден на мирот

На ден 21 септември 2023 година во ООУ „Димитар Миладинов” се одржа манифестација по повод Меѓународниот Ден на мирот. Традиционално во нашето училиште се одбележува Денот на мирот и тоа шеста година по ред. Со тоа ние се придруживме кон светската мировна акција – за мир во целиот свет. 🕊🌍🕊

На манифестацијата имаше можност да се видат и чујат детски цртежи и пораки на учениците од нашето училиште. Учениците настапија со песни, стихотворби и пораки за мирот.

Во манифестацијата учествуваа следневи одделенија: II а, II б oдд. , IIIв одд., IV а, IV в одд. и V а одд, а присутни беа и првачиња од I а одд. Исто така настапи училишниот хор и ученици од предметна настава од VIII а, VIII б и IX в одд. Учениците пееја песни за МИР на македонски и руски јазик.

Со тоа ние испративме порака за мир кон целиот свет, од нашето училиште ООУ „Димитар Миладинов”, од Република Северна Македонија и се придруживме на мировната светска акција за мир во светот.