Збратименото училиште од Стари Град- Белград

На покана од збратименото основно училиште од Стари Град- Белград, дел од наставниците вклучени во координативниот тим за соработка, претставник од општина Центар одговорен на одделение за образование и Директор на ООУ”Димитар Миладинов-Центар, Скопје на ден 10.10.2023 год. го посетија ОШ”Краљ Петар Први”во Белград, Србија.

Официјално потпишување на меморандум за соработка помеѓу ООУ”Димитар Миладинов”- Центар, Скопје и ОШ “Краљ Петар Први”- Стари Град, Белград.

Прием во Македонската Амбасада во Белград.

На 11.10.2023 год. нашето училиште присуствуваше на свечен настан по повод патронат со кој се одбележа 305 години од постоење на училиштето, 100 години од првиот одигран кошаркарски натпревар на тој терен како и 75 години од основање на Кошаркарскиот Сојуз на Србија.

Свечено отварање на спортски терен на училиштето.

Посетата беше поддржана од Општина Центар и Градоначалник Горан Герасимовски