Учениците од 8а одделение беа во организирана посета на ПМФ, на Институтот за хемија. Целта на оваа посета беше учениците да ги подобрат знаењата од предметот хемија. За време на посетата учениците имаа можност да ја видат работата во хемиската лабораторија и да изведат неколку експерименти.