Стипендии од Општина Центар

Климентина Веселинова на доделувањето стипендии од Општина Центар го претстави нашето ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар со композицијата Concertino opus 12, од Ferdinand Kuchler.

Климентина Веселинова има 9 години и е ученичка во 5то одд. Таа редовно се натпреварува веќе 3 сезони и има освоено многубројни први награди. Во минатата учебна година освои прво место на општинскиот, прво место на регионалниот и второ место на државниот натпревар по виолина. Исто така, освои прво место и на трите меѓународни натпревари, Polyhimnia, Ohrid I love you и Сергеј Михајлов.

По повод Денот на Општината, денес во ООУ ”Киро Глигоров”-Центар, беа доделени стипендии од областа на науката, техниката и посебните вештини за учебната 2023/2024 год. во организација на Општина Центар.

Исто така беа доделени и пофалници за најдобрите ликовни и литературни творби на тема “Мојот Центар мојот мал свет”.

Честитки за нашите ученици добитници на стипендии кои достојно го претставуваат нашето ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар.🥇🥇🥇