Час во Општина Центар

УЧИМЕ ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СО ЧЕТВРТООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД ООУ „ДИМИТАР МИЛАДИНОВ“

Со задоволство и денеска поминав еден час во Општината со основците, овојпат со четвртоодделенците од ООУ ,,ДИМИТАР МИЛАДИНОВ“ при што тие прашуваа, а јас одговарав на темата локална самоуправа, која ја изучуваат во рамки на предметот општество.

Малите Центарци ги запознав со обврските и надлежностите на градоначалникот, за начинот на кој функционира Советот на општината, за структурата на локалната самоуправа, а разјаснивме и многу други прашања кои ми ги поставија на темата.

Зборувавме и за улогата на општината во одржување на здравата животна средина и подобрување на животниот стандард на своите сограѓани.