На 21 март 2024 година, на првиот ден од пролетта, деца, млади и просветни работници го развеселија Градскиот парк во Скопје со интерактивен настан на кој имаа можност да ги прикажат иницијативите за климатска акција и образование за животната средина што се спроведуваат во земјата.
Настанот беше организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и УНИЦЕФ, со поддршка од Шведска и други партнери, меѓу кои и Град Скопје.
Околу 250 деца од целата земја се вклучија во интерактивни работилници организирани од Мрежата за искуствено учење, Биотехнолошката лабораторија на Град Скопје и програмата ГЛОУБ (GLOBE). Овие работилници, осмислени да поттикнат љубопитност за науката и еколошка свест, опфатија практични експерименти за учениците и наставниците. Мрежата за искуствено учење беше воспоставена во 2023 година како дел од иницијативата на УНИЦЕФ, финансирана од Шведска, за да се поттикнат децата и младите да размислуваат за решенија поврзани со предизвиците од климатските промени. Од нејзиниот почеток, околу 1300 ученици учествувале во работилници и воннаставни активности, кои и натаму им се достапни на сите основни и средни училишта преку систем за регистрација.
На Изложбата за иновации (Innovation Expo), над 60 млади иноватори и климатски активисти ги промовираа локалните иницијативи за животната средина и климатските промени развиени преку програмите UPSHIFT и Младински иновациски кампови. За време на средбата, младите се вклучија во консултации околу идентификување на приоритетните области што треба да бидат опфатени во стратегија за климатски промени на УНИЦЕФ.
повеќе информации на следниот линк