Засадени над 80 мали зимзелени сребрени борови

Почитувани родители,


Во акција за садење наставниците Божо Бубало и Ивица Трајковски заедно со учениците од 8б и 8в, засадија повеќе од осумдесет мали садници зимзелени сребрени борови.

Садниците се во делот позади трибините на игралиштето и предниот дел од училишниот двор веднаш лево од главниот влез, може да се види на приложените фотографии.

Периметарот е обележан со жолта волница и дел од нив се обележани со стапчиња.

Ве молам да им укажеме и на децата.

Однапред Ви благодарам на разбирањето.