Против врсничко насилство

Почитувани,

Како луѓе кои што работниот век го посветиле на образување на младите генерации, потполно сте свесни за проблемите со кои што тие секојдневно се соочуваат.

Без разлика дали е директор, наставник, педагог, психолог или друг дел од училишниот тим, секој од вас извонредно се носи со одговорноста за пренесување знаења на децата и на младите. Можеби уште поважно, токму Вие со нив споделувате кои се најважните животни вредности.

Особено ни е драго што таква вредност препознавте и активно се вклучивте во нашата општествено одговорна кампања „Крени глас против врсничко насилство“

„Макпетрол“ неизмерно Ви се заблагодарува за Вашиот ангажман и посветеност!

Овозможувањето работилници преку кои учениците се здобија со знаења за булингот, за нас беше привилегија. Веруваме дека информациите споделени на овие средби на децата и на младите ќе им помогнат полесно да се справат со врсничкото насилство.

Искрено се надеваме дека искуствата стекнати на работилниците ќе бидете во можност да ги примените во секојдневната настава.

За нас, тоа ќе биде најголемиот успех!

Секако, нашата општествено одговорна кампања не запира со активностите. На 20 април, од 11 часот на „Школка“ во „Градски парк“ ќе се одржи настан на којшто, заедно со учениците, со децата и со младите, ќе се дружиме, ќе се забавуваме и ќе играме.

Ќе бидеме пресреќни ако можете да ни се придружите и на врсничкото насилство заеднички да возвратиме со позитивна енергија!

Сè најдобро,

„Макпетрол“