Натпревар по Француски јазик

🏆Доделување на наградите од одржаните натпревари по Француски јазик за учениците од основните и средните училишта. Настанот беше организиран на 13 април 2024 во хотелот Холидеј Ин во Скопје од страна на ЗПФРМ во соработка со фондацијата Bel idéal каде беа собрани на едно место најдобрите франкофони во нашата земја.

🥇Ученичката Мила Митровска од VII в одделение која како победник на натпреварот по Француски јазик за седмо одделение освен дипломата и медалот за освоеното прво место, како награда доби и престој на 🌟франкофонскиот летен камп 🌟во јуни 2024 година во Охрид.

👏👏👏Браво Мила и убав престој на летниот камп🍀🍀🍀