Кошаркарска лига

Во еден неизвесен финален натпревар и прекрасна спортска атмосфера ,нашите кошаркари предводени од наставникот Јован Миловски освоија 🥈2ро место во кошаркарската лига организирана од Општина Центар.

По завршувањето на натпреварот Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски официјално ја затвори лига Центар 2023/24 год. додели дипломи и медаљи за најдобрите и најуспешните.

Исто така оваа година нашето училиште успеа да издвои солидни резултати и високи пласмани во натпреварите по:

🥈Кошарка 2ро место🥈

🥈Фудбал 2ро место 🥈

🥈Ракомет 2ро место🥈

Најважно од се е што покажаа тимска игра и како се игра за своето училиште. Честитки за нашите спортисти👏👏👏