Збратимено ОШ ,,Краљ Петар Први” од Белград

🇲🇰🇷🇸На 05.06.2024 во духот на македонската традиција, со гласот на нашиот училиштен хор кој ја испеа химната на нашето училиште ООУ ,,Димитар Миладинов” Скопје ги пречекавме нашите гости учениците, директорот и наставниците од збратименото основно училиште ОШ ,,Краљ Петар Први”од Белград.

Како достоен домаќин се обративме со неколку зборови за добредојде на гостите и претставникот од 🇷🇸Амбасадата на Репубика Србија Г-ѓа Ивана Грбич. Потоа се запознаа учениците и наставниците меѓусебно и следуваше мала приредба.

По пречекот гостите ја посетија Старата турска чаршија и имаа прошетка низ плоштадот на градот. Чест ни беше да бидеме домаќини на првата размена на ученици по долга пауза, соработката помеѓу овие училишта повторно е возобновена и продолжува да гради мост на пријателства кој ќе поврзе многу сегашни и идни генерации од двете училишта. Нашата Општина Центар има долгогодишна соработка со општина Стари Град од Белград и таа соработка ние ќе продолжиме да ја негуваме.🇲🇰🇷🇸