Филип Хаџи Велков ученик во VIII одд во ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар е прогласен за ДРЖАВЕН ПРВАК на државниот натпревар по физика за VIII одд. поради подобриот учинок на општинските натпревари и вкупниот број постигнати поени на општинскиот и регионалниот натпревар по физика.
Честитки за Филип Хаџи Велков, гордост на ООУ”Димитар Миладинов” Општина Центар, Скопје.
“Како што знаете ДФРМ по барање на МОН треба да прогласи државни прваци во 8 и 9 одделение. Бидејќи имаме ситуации со изедначен број на поени во 8 и 9 одделение прваците се прогласуваат според резултатите на регионалниот а ако има потреба се гледа и општинскиот.”
Според тоа во 8 одделение:
Ред.бр | Име и презиме на ученикот | Училиште | Општина | Ментор |
1 | Филип Хаџи Велков | ООУ „Димитар Миладинов“ | Центар | Аида Петровска |
2 | Марин Цониќ | ООУ „Браќа Миладиновци“ | Куманово | Валентина Павловска |
3 | Валентино Атанасоски | ООУ „Кочо Рацин“ | Центар | Катица М Христовска |
За државен првак во 8 одделение се пргласува ученикот Филип Хаџи Велков поради подобриот учинок на ученикот на општинските натпревари (бројот на поени кои Филип Хаџи Велков и Марин Цониќ ги освоиле на регионален натпревар е повторно идентичен). Бројот на освоени поени на првите три ученици на Општинскиот, регионалниот и државниот натпревар е даден во табелата која следува:
Со почит
проф. д-р Ламбе Барандовски
Претседател на Друштво на физичарите на
Република Македонија.
Архимедова 3, 1000 Скопје, Македонија