Иако малку дождлив, но сепак убав ден за дружење, насмевки и игра на падините на Водно, успешно се одржа пролетната екскурзија за учениците од I до IX одделение од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар. Ден исполнет со позитивна енергија, забава и заеднички моменти кои ќе останат во убаво сеќавање кај сите ученици и наставници.






















