Денес нашите седмоодделенци од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар имаа исклучителна чест да бидат гости кај Претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Посетата започна со голема почит и љубопитност додека учениците ја следеа свечената церемонија на менување на државното знаме, а во пријатна атмосфера остварија и директен разговор со Претседателката.Преку своите прашања, тие покажаа исклучителна зрелост, дискутирајќи за грижата за животната средина, нивните амбиции и важноста на бон-тонот во секојдневието.Оваа посета беше реализирана со наставничките Билјана Величковска, Александра Пекевска, Марија Крстевска и Марија Апостолова. Изразуваме благодарност до родителите за целосната поддршка и организираниот превоз.Нашите седмоодделенци достоинствено го претставија ООУ „Димитар Миладинов“. 🇲🇰🤝❤️





