🚴🏼🚦Проект “И ние децата сме дел од сообраќајот”🚦🚴🏼

🚦 Со голема радост и гордост денес бевме домаќини на проектот „И ние децата сме учесници во сообраќајот“, реализиран во рамки на програмските активности за спорт на Општина Центар.На настанот учествуваа 40 ученици од сите основни училишта во општината, кои преку едукативни активности, дружење и натпреварување ги проширија и усовршија своите знаења за безбедното учество во сообраќајот и важноста од почитување на сообраќајните правила.Со особена гордост споделуваме дека нашето училиште го освои 🥉 третото место.Честитки до сите учесници за покажаниот труд, знаење и спортски дух! 👏