На традиционалниот пролетен атлетски крос во организација на Општина Центар – Скопје учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар и оваа година достојно го претставија нашето училиште и постигнаа одлични резултати:
🥇 Теодора Колческа – VIII одделение
🥇 Тадеј Наумов – VII одделение
🥇 Каја Прчоска – VI одделение
🥈 Андријана Тасевска – VIII одделение
🥉 Лана Манолева – VII одделение
Горди сме на нивниот труд, посветеност и спортски дух!
Дипломите и пехарите на наградените ученици им ги подели раководителката на сектор за јавни дејности Јагода Јанковска.
Честитки за сите ученици, како и за наставниците по физичко образование, кои секогаш им се поддршка и мотивација. 👏🏃♀️🏃♂️







