Учениците од IV одделение на 19.05.2026г., го посетија гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Старата скопска чаршија. Поклонувајќи се и положувајќи цвеќе му оддадоа почит на нашиот револуционер, херој и великан. Го посетија Сули Ан – Историски музеј и уметничката работилница и галерија како и Старата скопска чаршија каде се запознаа и здобија со нови знаења за старите занаети. Среќата и воодушевувањето беа на нивните детски лица.







