Денес нашето училиште беше исполнето со детска насмевка, радост и возбуда – започна едно ново и убаво патување за нашите најмали ученици. ❤️📚
На нашите првачиња им посакуваме среќен и успешен почеток на училиште, многу знаење, нови другарства, убави спомени и безброј насмевки! 🌈✨
Голема благодарност до Општина Центар за обезбедените ранчиња за секое прваче и за вниманието со кое им го разубави овој посебен ден.
🎁 Благодарност и до Халкбанка за прекрасниот подарок за секое прваче, кој дополнително ја збогати радоста на нашите најмали ученици.
❤️ Посебна благодарност до целиот колектив на ООУ „Димитар Миладинов“ за прекрасната приредба, вложениот труд, посветеноста и несебичната поддршка во подготовките.
Заедно создадовме ден исполнет со љубов, радост и незаборавни моменти.




