ОГЛАС ЗА КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ЗА УЧЕБНА 2026-2027 ГОДИНА


До
ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ
БРОКЕРСКИ ДРУШТВА

Општинско основно училиште „Димитар Миладинов“ – Центар, Скопје, на ден 21.09.2026 година објавува Покана-Барање за доставување понуди за колективно осигурување на ученици во учебна 2026/2027 година.

Општинското основно училиште „Димитар Миладинов“ – Центар, Скопје, Бул. „Кочо Рацин“ бр. 17, Скопје, има потреба од колективно осигурување на ученици во учебната 2026/2027 година.

Корисник: ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар, Скопје, Бул. Кочо Рацин бр. 17, Центар, Скопје, е-пошта: ou-dimitarmiladinov-centar@schools.mk, тел. 02/3-161-448

Предмет: Предмет на огласот на набавката е прибирање на понуда за колективно осигурување на ученици во учебна 2026/2027 година. Претпоставен број: 535 ученици од прво до деветто одделение.

УСЛОВИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ

  • Право да поднесат понуда имаат сите заинтересирани осигурителни компании кои се регистрирани за вршење на осигурителна дејност согласно со Законот.
  • Понудата треба да ги содржи следните информации: износ на премија за осигурување по ученик за учебна 2026/2027 година, односно 1 година од денот на потпишување на договорот.
    • Износ на осигурена сума во случај на: Смрт од несреќен случај
    • Износ на осигурена сума во случај на: Инвалидитет од несреќен случај
    • Износ на осигурена сума во случај на: Трошоци за лекување
    • Износ на дневен надомест до 100 денови

ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Рокот за доставување на понудите е 5 работни дена сметано од денот на објавувањето на понудата (огласот), од 21.09.2026 заклучно 25.09.2026 година. Понудите се доставуваат во архивата на училиштето во периодот од 09:00 до 12:00 часот секој работен ден во деновите од огласот.

Понудата која што нема да биде доставена потпишана и заверена од страна на понудувачот, како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи, ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.

Адреса за доставување на понудите:
ООУ „Димитар Миладинов“
Бул. Кочо Рацин бр. 17, Центар, Скопје
за Комисија за прибирање на понуди за осигурување на ученици за 2026/2027 година

Понудите може да се достават лично во запечатен плик со назнака: „ЗА ОГЛАС – Прибирање на понуди за колективно осигурување на ученици“. На горниот лев агол на пликот задолжително да биде назначено „НЕ ОТВОРАЈ“.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

Основен критериум за избор на најповолен понудувач претставува износот на количникот од:

  • сумата на износите на осигурените суми помножени по коефициентот за вреднување на понудата дадени во табелата подолу
  • и премијата за осигурување по ученик за учебна 2026/2027 година, односно 1 година од денот на потпишувањето на договорот.
  • Право да поднесат понуда имаат сите правни субјекти кои се регистрирани за вршење осигурителна дејност согласно закон.
  • Во понудите да се наведе име на фирмата, потпис на одговорно лице и печат.
  • Документ за регистрирана дејност од Централен регистар.

Понудата задолжително треба да содржи: износ на осигурена сума по ученик во случај на штета (незгода, болест, повреда, траен инвалидитет, болничко лекување).

Годишна премија за осигурување по ученикСмрт од несреќен случајИнвалидитет од несреќен случајТрошоци за лекувањеДневен надомест до 100 денови
Осигурена сума во денари
Коефициент за вреднување на понудата× 0,2× 0,3× 0,3× 0,2 × {број на денови}
Табела за вреднување на понудите

Важна напомена: Доколку некоја понуда има повисока премија за осигурување по ученик од онаа која е прифатлива за комисијата, комисијата го задржува правото понудата за конкретната премија за осигурување да не ја земе предвид при одлучувањето.

ООУ „Димитар Миладинов“
Центар – Скопје