Денес во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, градоначалникот на Општина Центар, г. Горан Герасимовски, ги додели стипендиите на учениците добитници на стипендии во областа на науката, техниката и посебните вештини.
Меѓу добитничките се и три ученички од нашето ООУ „Димитар Миладинов“:
🏅 Инес Чадловска – IX-б одделение
🏅 Јоана Саламовска – IX-б одделение
🏅 Моника Николаиди – IX-а одделение
Им честитаме за заслуженото признание, вложениот труд и постигнатите резултати!
Им посакуваме уште многу успеси, нови знаења и достигнувања. Горди сме на вас!





