Кога науката се запознава преку искуство!

Денес учениците од VII-В одделение, заедно со наставничката по Биологија Рената Апостолова и класната раководителка Лидија Паневска, ја посетија Лабораторијата за биологија и селекција на медоносни пчели при Факултетот за земјоделски науки и храна, како дел од наставата по изборниот предмет Паметни зелени простори, каде што се запознаа со карактеристиките на медоносните пчели, процесот на опрашување и значењето на опрашувачите за природата и човекот.

Имаа можност да дегустираат различни видови мед и одблизу да ги разгледаат производите од овие вредни инсекти.

🐝 Малите, но вредни опрашувачи имаат огромно значење за животот на Земјата!