По повод Меѓународниот ден на детето, нашите најмали ученици од I-б одделение, заедно со своите наставнички Марија и Елена, го одбележаа денот исполнет со насмевки, радост и детска искреност ❤️
Разговараа за она што ги прави среќни, за малите нешта што носат голема радост и за убавината на детството.
А што нè прави среќни? Љубовта, другарството, играта, семејството, насмевките и чувството дека сме сакани 🥰
Зашто, токму во детските очи се крие најискрената среќа, а секоја детска насмевка е потсетник дека најубавите нешта во животот се едноставни. ❤️
