Под мотото “ Патуваме низ времето на музиката” на 20.03.2024 година во свечената сала на ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар се одржа францускиот музички настан во организација на професорката по француски јазик, учениците и наставниците од училиштето. На настанот беше присутен Н.Е. Амбасадорот на Република Франција во РСМ Г-дин Сирил Бомгартнер, претставници од Општина Центар – Скопје, претставници на Француски институт во Скопје – Institut français de Skopjeкако и професорки од Филолошкиот Факултет. Учениците што учат француски јазик од нашето училиште, уште еднаш се истакнаа со своите јазични компетенции на француски јазик.
Францускиот јазик, кој е втор јазик за меѓународна комуникација, зборуван на сите пет континенти, со повеќе од 300 милиони говорители, е вектор на Франкофонијата, тој претставува мост меѓу културите, ја промовира културнатаразноликост, ги зближува народите, ги слави разликите. Овој јазик има богата традиција и историја, и претставува порта кон светот и бројни можности.
Благодарност до сите присутни на настанот што ги проследија перформансите на учениците.