На првиот ден од пролетта како доброволци во акцијата за пошумување на опожарените краишта во Свети Николско во организација на иницијативата Боренка во заедничка соработка на Сојузот на извидници и ЈП Национални шуми активно учество земаа ученици од 9а и 8б одделение.
Одговорен наставник Божо Бубало
Нацрт агенда
21.03.2024 – Опожарено подрачје Вардарски регион, Свети Николе
08:00 Поаѓање од Скопје
10:00 – 10:30 | Пристигнување на локација (точни координати ќе бидат пратени дополнителни) Делење пакетче (храна и освежување, ракавици, беџ)
10:30-10:45 | Говор за добредојде
1. Претставник од Сојуз на извидници на Македонија (Боренка – најголема волонтерска акција за пошумување на опожарени подрачја)
2. Претставник од ЈП Национални шуми (партнерство меѓу јавен и граѓански сектор за општо корисно добро преку акции за подигнување свест за заштита на шумите од пожари)
10:45 – 11:00 – Инструкции од претставници од ЈП Национални шуми за техника на садење, делење во тимови
10:45 – 14:00 | Садење
14:00 – Заминување за Скопје