Почитувани,
Споделуваме информација до сите родители и наши ученици, за настан на 13.12.2023г. во трговскиот центар Рамстор. Ќе се одржи хуманитарна изложба на цртежи на наши ученици и концерт, со почеток од 18:00 до 19:30ч.
Собраните средства ќе бидат наменети за помош во лекувањето на Леонид Индов. Учество во хуманитарната изложба ќе имаат и учениците од нашето училиште. Да ја покажеме уште еднаш заедно нашата голема хуманост.
ООУ “Димитар Миладинов”- Скопје, Центар