Учениците од IV б одд. заедно со нивната наставничка Даниела Гајдова имаа можност да се дружат со дизајнерката Ирина Тошева.
На ова дружење учениците го гледаа нејзиниот краток документарен филм “Латици”, посветен на Јуруците кои живеат во источниот дел на Македонија.
Се запознаа и со изработката на нејзината колекција “Оја” инспирирана од облеката и животот на Јуруците.