На ден 26.09.2024 година во пресрет на новата учебна година , Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар реализираше работилница за наставници во ООУ “ Димитар Миладинов’, училиште кое секогаш е вклучено во давањето на поддршка на нашите планирани активности и имплементирање на новини кои се значајни за развој на вештините и знаењата на професионалците кои претставуваат значаен фактор во детскиот развој и развојот на образовниот систем во нашата држава.
Работилницата во која учествуваа 14 наставници беше на тема “ И на помагачите им треба помош” а истата имаше за цел да се унапредат вештините за самопош и да се намали ризикот од професионално согорување (burnout).
Преку најразлични техники целта беше секој од нив да открие на кое место се наоѓа во професионалото поставување на работното место, преку свесноста за потребната поддршка и зголемување на мотивацијата за работа.
Ваков тип на работилници во иднина ќе се реализираат и во останатите основни училишта кои се наоѓаат на територија на општина Центар со единствена цел да се понуди нова активност која е значајна за успешен и позитивен старт на учебната година.