“Her World, Her Rules » за учество во женската кошарка

Денес имавме чест да бидеме домаќини на еден убав настан организиран од Кошаркарската Федерација, петто издание на ФИБА проектот “Her World, Her Rules » за учество во женската кошарка.

На петтото издание на ФИБА проектот „Her World, Her Rules“! прва станица во новата сезона е ООУ „Димитар Миладинов“ во Скопје и на првиот показен тренинг во ООУ „Димитар Миладинов“ во Скопје, се појавија повеќе од 80 девојчиња на возраст од 9. до 11. години

Согласно со планираните активности за оваа нова сезона 2024/2025, освен овој настан, каде во улога на кошаркарски амбасадор се појави репрезентативката на Македонија, Ивана Кметовска, во наредниот период се предвидени и организација на голем број на други вакви случувања, во кои освен главниот град ќе бидат опфатени и повеќе кошаркарски „центри“ во нашата држава.

Движењето „Her World, Her Rules“, ќе посети и скоро дваесетина градови, како на пример Ресен, Струга, Гевгелија, Радовиш, Охрид, Кичево, Демир Капија, Валандово…

Главната цел на овој проект е да се промовира женската кошарка низ различни градови низ Македонија, посебно во оние делови каде што девојчињата не се инволвирани во било каков спорт, односно во кошарката.

Поентата е да се зголеми учеството во кошарката, тоа значи дека охрабрува девојки од осум до единаесет години да започнат да играат кошарка, како што, извесно, правиме веќе неколку години наназад.