Државно првенство во пливање

Известување за Државно првенство во ПЛИВАЊЕ за Оснoвни и Средни училишта.

На 13.09.2024 год. се одржа Државно првенство во пливање за основни и средни училишта. Место на одржување: Спортскиот центар ,,Борис Трајковски,, – Скопје. Организатор: Федерација на училишен спорт на Македонија во соработка со Општина Аеродром.

Учествуваа 252 ученици од 63 училишта од Р.Македонија.

Нашето училиште ООУ,, Димитар Миладинов”- Скопје, зема учество со 3 ученички:

  • 1. Јасна Дамчевска 6а одд.,
  • 2. Теодора Колческа 7б одд.,
  • 3. Атанасија Хаџи-Василева

Сите ученици постигнаа одличен индивидуален успех.
Ученичката Теодора Колческа освои 1-во место во дисциплината слободен стил и 1-во место во дисциплината делфин.