Оглас за колективно осигурување на ученици од незгода

ОГЛАС

до Осигурителни Компании за прибирање на понуди за
колективно осигурување на ученици од незгода
за учебната 2024/2025 година

КОРИСНИК:

ООУ „Димитар Миладинов“, Скопје, Центар
Бул. Кочо Рацин бр. 17, Центар, Скопје
Контакт е-пошта: ou-dimitarmiladinov-centar@schools.mk
Телефон: 02 3161 448

ОПИС НА ОСИГУРУВАЊЕТО:

Предмет на огласот е прибирање на понуди за колективно осигурување од незгода на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“, Скопје за учебната 2024/2025 година. Осигурувањето треба да опфати околу 600 ученици, од прво до деветто одделение.

УСЛОВИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ:

  • Право да поднесат понуда имаат сите заинтересирани осигурителни компании кои се регистрирани за вршење на осигурителна дејност согласно со Законот.
  • Понудата треба да ги содржи следните информации:
    • Износ на осигурена сума по ученик во случај на штета (незгода, повреда, хоспитализација).
    • Надоместок по ученик на годишна основа за колективно осигурување, кој не смее да надминува 100 денари.

ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ:

Понудите треба да се достават најдоцна во рок од 3 работни дена од денот на објавувањето на овој оглас, на следната адреса:

ООУ „Димитар Миладинов“
Бул. Кочо Рацин бр. 17, Центар, Скопје
за Комисија за прибирање на понуди.

Понудите може да се испратат препорачано по пошта или да се достават лично во запечатен плик со назнака:
ЗА ОГЛАС – Прибирање на понуди за колективно осигурување на ученици“.
На горниот лев агол на пликот задолжително да биде назначено „НЕ ОТВОРАЈ“.


Комисија за прибирање на понуди за осигурување
ООУ „Димитар Миладинов“, Скопје, Центар