Свечена приредба – Светската детска организација

Под покровителство на Општина Центар – Скопје во Паркот на Франкофонија се одржа свечена приредба каде нашите првачиња свечено зачекорија во Светската детска организација.

Дадоа заклетва и ветија дека ќе ги почитуваат наставниците, ќе бидат вредни, исполнителни и добри другари.

Имаа можност да ја проследат театарската престава „Солта поскапа од злато“ – театар „Среќа“ и добија пригодни подароци од Општина Центар.