Оглас за понуди за екскурзии 2024/25

Врз основа на Законот за основно образование и Правилникот за начинот на изведување на ученичките екскурзии и други слободни активности на учениците од основните училишта бр.12-13487/1 од 19.11.2019 година, ООУ „Димитар Миладинов” Центар, Скопје, (Бул.Кочо Рацин бр.17-Ценмтар, Скопје тел.:3/161-448; e-mail: ou-dimitarmiladinov-centar@schools.com ) објавува:

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Се покануваат сите правни лица кои ги исполнуваат минималните услови утврдени со член 19 од Правилникот за начинот на изведување на екскурзии, и други слободни ученички активности во учебната 2024/2025 година, да ги достават своите понуди за:

  • ДЕЛ 1: Еднодневен есенски излет за ученици од 1-9 одд.
    претпоставен број на ученици: 578
  • ДЕЛ 2: Еднодневен пролетен излет за ученици од 1-9 одд.
    претпоставен број на ученици: 578
  • ДЕЛ 3 Еднодневна екскурзија за ученици од 3 одд.
    претпоставен број на ученици: 57
  • ДЕЛ 4: Дводневна екскурзија за ученици од 6 одд.
    претпоставен број на ученици: 50
  • ДЕЛ 5: Тродневна екскурзија за ученици од 9 одд.
    претпоставен број на ученици: 85
  • ДЕЛ 6: Настава во природа за ученици од 5 одд.
    претпоставен број на ученици: 68

Критериум за доделување на договор е најниска цена. Предметот на набавката е деллив.Пред потпишување на договорот со директорот на училиштето, најповолниот понудувач ќе траба да достави банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот од 5% од вкупната вредност на истиот. Заинтересираните субјекти можат да ја подигнат потребната тендерска документација кај секретарот на училиштето од 09 до 12 часот почнувајќи од 09.10.2024 година. Рокот за доставување на понудите е 5 работни дена од денот на објавувањето, до 12,00 часот на 16.10.2024 година лично во архивата на училиштето.Понуда која ќе пристигне подоцна ќе биде одбиена како неприфатлива.

Понудата на понудувачот кој не ги исполнува условите ќе биде одбиена од страна на комисијата.Понудите се доставуваат во затворен плик со назнака НЕ ОТВОРАЈ во горниот лев агол до Комисијата за организирање на ученички екскурзии и други слободни активности. За јавното отворање на понудите понудувачите ќе бидат дополнително известени.