Еко акција за е-отпад

Нашето училиште е дел од Еко акцијата за е-отпад во општина центар во пресрет на 14 октомври, меѓународниот ден на електронскиот отпад!

Под мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад,“ со „Нула Отпад“ спроведовме акција за подигнување на свеста за правилно селектирање на е-отпадот.

Едуциравме и селектиравме во училиштата, а нашите најмлади еко-амбасадори ја пренесоа пораката за одржливост и ја покренаа свеста за заштита на нашата околина!

Низ сите училишта зелените контејнери за електронски отпад ќе останат во текот на целата година, а граѓаните преку „Еко Линијата“ 070 236 000, може да пријавуваат електронски отпад кој бесплатно ќе биде преземан од нивните домови, а потоа и правилно да се третира.

Ве повикуваме сите да се однесувате совесно и одговорно!
Со правилно селектирање ќе оневозможите овие штетни материјали да завршат на депониите и да го загадат воздухот, почвата и водата.