Ансамблот „Студио Фолклор“ Скопје

Како дел од програмата по изборниот предмет Танцување во IV то одделение во организација на наставничката Соња Д. Богдановска на ден 18.11.2024 во нашето училиште ни беа гости Ансамблот „Студио Фолклор“ Скопје,каде премиерно ни го претставија проектот „И ние сме деца“. Овој проект вклучува ора и песни од егејскиот дел на Македонија, а се одиграа во чест на децата прогонети за време на егзодусот на граѓанската војна во Егејска Македонија.

Кореограф на овој проект е нивната наставничка Стефани Маневска.

Како крај на програмата нашите ученици од ООУ „Димитар Миладинов“ заедно за рака одиграа неколку македонски ора и ја запеаа „Македонско девојче“.

Наша цел е на нашите ученици уште од мала возраст да им го доближиме нашето богато фолклорно наследство и да продолжиме да ја негуваме традицијата на македонскиот фолклор и народни танци.