Во просториите на библиотеката „Страшо Пинџур“ (зграда на ЗОИЛ) се одржа работилница со учениците од II-а одделение од ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје, Центар која ја водеше нашата драга пријателка Искра Димковака од Сказнувалка Работилницата ја започнавме со разговор за различните медиуми преку кои се раскажуваат приказни.
Учениците ја слушаа приказната „Разнесувачката на леб“ од Петер Светина и Јокин Мичелена, по што следуваше дискусија за темата на приказната, карактерите и пораката што ја носи
Работилницата ја заокруживме со игра, во која учениците преку понудени илустрации создаваа свои приказни, се со цел развивање на способностите за раскажување приказни на забавен и интерактивен начин
Ѝ благодариме на наставничката Весна Кусакатска за соработката и големите заложби низ годините наназад да ја доближи книгата до секоја генерација ученици